Развој и копродукција: адаптирање на интервенцијата за оптимизирање на прифатливоста, можноста за примена во поголеми размери и ефективноста врз менталното здравје на младите

Цели:
1. Да се адаптира и тестира РЦЗ програмата за адолесценти во Р. Молдавија и Р. С. Македонија.
2. Да се развие мрежа на главните чинители вклучени во копродукцијата и советодавните групи на проектот FLOURISH.
3. Да се обучат фацилитатори и супервизори за програмата РЦЗ за адолесценти во двете земји.
4. Да се спроведе пилот студија за изводливост на програмата РЦЗ за адолесценти во двете земји.

РП1 тим: Prof. Nina Heinrichs (раководител на РП1), Prof. Graham Moore, Prof. Rhiannon Evans, and Dr. Yulia Shenderovich.
Имплементација на програмата: испорака на РЦЗ во Р. Молдавија и Р.С. Македонија

Цели:
1. Да се имплементира програмата во Факторската оптимизациска студија во двете земји (8 услови).
2. Да се имплементира програмата во хибридната студија за ефективноста на програмата РЦЗ за адолесценти во две земји.

РП 2 тим: Prof. Marija Raleva (раководител на WP2), Dr. Slavica Gajdadzis-Knezhevikj, Dr. Galina Lesco and Viorel Babii.
Раководење со податоците, проценка на резултатите и анализа на податоците: квантитативни резултати добиени од страна на семејствата и персоналот

1. Спроведување на пред-пост проценките за пилот студијата за изводливост.
2. Спроведување на пред-пост и одложената проценка за факторската и хибридната студија за ефективноста на имплементацијата.
3. Раководење со податоците низ сите работни пакети
4. Анализа на податоците од проценките на адолесцентните и од семејните проценки (резултати).
5. Компјутерски модели (Agent-based modelling) за симулирање и анализирање на тоа како РЦЗ може да се адаптира и имплементира во поширок размер.

РП3 тим: Prof. Heather Foran (раковоител на РП3), Dr. Antonio Piolanti (раководителна РП3, проценки), Janina Mueller, Franziska Waller
Проценка на имплементацијата и анализа на податоци: квантитативни индикатори за спроведување на програмата и квалитативни податоци

1. Собирање податоци за резултатите од имплементацијата за време на пилот студијата за изводливост.
2. Собирање на податоци за резултатите од имплементацијата за факторската и хибридната студија за ефективност на имплементацијата.
3. Анализа на податоците од имплементациските податоци и интеграција со РП3 податоците.

РП4 тим: Prof. Graham Moore (раководител на РП4), Dr. Yulia Shenderovich (раководител на РП4), Prof. Rhiannon Evans
Анализа на зравствено-економските показатели: трошоци и исплатливост на програмата РЦЗ за адолесценти

Цели:
1. Адаптирање на меѓународно стандардизирани, хармонизирани и валидирани инструменти за собирање и вреднување на податоците за користењето на ресурсите, трошоците и резултатите од програмата РЦЗ за адолесценти во Р. Молдавија и Р.С. Македонија.
2. Спроведување на проценка на изводливоста и анализа на трошоците и последиците за целите на оптимизацијата во факторската студија.
3. Спроведување на мултисекторска, мултинационална и групна економска евалуација на програмата РЦЗ за адолесценти во Р. Молдавија и Р.С. Македонија.
4. Утврдување на опциите за јавно финансирање, од поголеми размери, на програмата РЦЗ за адолесценти во Р. Молдавија и во Р.С. Македонија.

РП5 тим: Prof. Judit Simon (раководител на РП5), Dennis Wienand, Prof. Dr. Bojan Shimbov, Prof. Maite Alguacil
Комуникација и влијание: комуникација со јавноста, професионалците, креаторите на политики, истражувачите

Активности:
1. Развивање и спроведување на комуникациски стратегии во Р. Молдавија и Р.С. Македонија, како и на меѓународно ниво, за комуникација и споделување со јавноста, истражувачите, клиничарите, креаторите на политики.
2. Дизајнирање на анкета со професионалните мрежи на AЛТЕРНАТИВА и HYA.
3. Дизајнирање на квалитативна алатка за интервјуирање на главните чинители.
4. Регионален форум за размена на политики и практики за семејни политики и адолесцентно здравје во Источна Европа.

РП6 тим: Prof. Nevena Calovska (раководител на РП6), Prof. Dr. Anita Burgund Isakov
Координација и раководење: интегрирање на активностите и наодите

Цели:
1. Подготовка на раководењето со конзорциумот и координациските процедури низ сите работни пакети.
2. Следење на усогласеноста со етичките насоки, проектните активности, целите и извештаите.
3. Управување со финансиите, извештаи и комуникации на проектот.
4. Организирање состаноци.

РП7 тим: Prof. Heather Foran (раководител на РП7), Dr. Antonio Piolanti, Janina Mueller, Franziska Waller, Barbara Pöcher