За FLOURISH

Вовед

Младите луѓе во Источна Европа се соочуваат со повеќе ризици за нивното ментално здравје и благосостојба и употребата на супстанции, поради многу причини, вклучувајќи ја сиромаштијата, нееднаквоста и другите негативни искуства, тековно влошени од конфликтот во Украина. Семејството игра клучна улога како потенцијален амортизер за овие ризици. Сепак, истражувањето на пристапите засновани на докази за поддршката на менталното здравје на адолесцентите, за кои се смета дека се достапни и од поголем размер, во земјите со низок и среде приход, сѐ уште е ограничено.

Менталното здравје е повеќе од само отсуство на ментално-здравствени проблеми. Раната адолесценција е клучен период за здравјето, бидејќи тоа е време на огромни физички, емоционални и социјални промени и посебна фаза на развој на мозокот. Раната адолесценција е исто така возраст кога се појавуваат околу половина од менталните проблеми. Родителските пристапи кои нудат топлина и автономија се поврзуваат со здрави однесувања кај децата и адолесцентите, како што се подолг и поквалитетен сон, здрава исхрана и физичка активност, како и со подобро ментално здравје, како на пр. пониско ниво на анксиозност и депресија. Родителското надгледување и комуницирање со адолесцентите за ризичните однесувања, како што е употребата на супстанции, е поврзано со пониски стапки на ризично однесување кај адолесцентите.

Родителство за целоживотно здравје (РЦЗ) (PLH; https://www.who.int/teams/social-determinants-of-health/parenting-for-lifelong-health) е низа од социо-бихејвиорални групни интервенции кои се одвиваат на индивидуално и семејно ниво. РЦЗ е засновано на докази во однос на компонентите поврзани со позитивните резултати од родителските практики, комуникацијата адолесцент-родител, како и други исходи меѓу семејните членови. РЦЗ програмите се развиени со цел да бидат изводливи во поглед на имплементацијата, во соработка помеѓу истражувачите, Светската Здравствена Организација и УНИЦЕФ, за да се излезе во пресрет на потребите за промоција на здравјето на децата и адолесцентите и спречување на насилството врз децата во земјите со низок и среден приход. Програмите се дизајнирани да бидат спроведувани од страна на персонал без специфична професионална позадина, а прирачниците на програмите се слободно достапни под лиценца на Creative Commons.

Во FLOURISH, нашата цел е да ја оптимизираме и процениме ефективноста, исплатливоста и имплементацијата во поголеми размери на Родителство за целоживотно здравје за адолесценти. Главните цели на проектот се:


1

Адаптирање

Адаптирање на програмата Родителство за целоживотно здравје за адолесценти и нејзино имплементирање во рамките на одржливи системи за спроведување во Р. Молдавија и Р.С. Македонија

2

Оптимизирање

Оптимизирање на интервенцискиот пакет за да се определат најисплатливите компоненти и оние компоненти што можат да се прошируваат во поголем размер;

3

Тестирање

Евалуирање на имплементацијата и исходите од адаптираната и оптимизирана програма;

4

Проширување

Развивање на комуникациска стратегија и проценка на дисеминацијата и влијанието на комуникациските методи врз семејствата, имплементаторите и креаторите на политики.


FLOURISH вклучува четири меѓусебно поврзани фази за да се осврне на целите на проектот.

Фаза 1

Фаза 1 е фокусирана на приспособување на програмата во нов контекст, пилотирање на адаптираната програма и истражување на изборот на услови за факторската студија (Фаза 2). Ние ќе ги истражуваме промените согласно културниот контекст, кои може да бидат потребни за програмата, истовремено ќе ја задржиме интегрираноста во рамките на теоријата на промена. При адаптирањето на интервенцијата, ние ќе се водиме од тоа да ја направиме што е можно поприменлива во рамките на системите за спроведување во Р. С. Македонија и Р. Молдавија. Ќе формираме четири советодавни групи: (1) советодавни групи со адолесценти, (2) родители, (3) имплементатори, (4) професионалци. Секоја од овие групи ќе се сретне за дискусија, за да ги идентификува потребните адаптации на програмата и да обезбеди повратни информации. Врз основа на консултациите во секоја земја, адаптациите на програмата ќе бидат направени и имплементирани. Второ, адаптираната интервенција ќе биде пилотирана со семејства со млади адолесценти на возраст од 10-14 години. Пилот студијата ќе вклучи квантитативно и квалитативно собирање на податоци од адолесцентите, родителите и фацилитаторите пред и по интервенцијата. Таа (1) ќе ја тестира изводливоста на ревидираната програма, (2) ќе произведе ажурирани материјали за интервенцијата и теоријата на промена и (3) ќе ги истражи и подготви елементите кои ќе бидат тестирани во Фаза 2.

Фаза 2

Во Фаза 2, факторска студија со 8 услови ќе се користи за да се избере најефикасен и најисплатлив пакет за третман во факторската експериментална фаза на истражувањето. Стратегијата за регрутирање, критериумите за вклучување и исклучување и мерките тестирани во Фаза 1 ќе бидат прилагодени врз основа на резултатите поврзани со дизајнот на изводливоста и мерните психометриски инструменти, и ќе се користат во Фаза 2 и Фаза 3. Студијата ќе вклучува мерки за примарните и секундарните исходи пред и по изведување на програмата.

Истражувачки прашања за факторската фаза:

  • Како се менува ангажманот на учесниците и семејните исходи со и без дополнителна онлајн компонента? („чет“ на кој им споделуваме „Поддршка на адолесцентите да напредуваат“, како и други материјали ) (со/без)
  • Како се менуваат ангажманот на учесниците и семејните исходи кога програмата се спроведува со компонента „врсничка поддршка“ / „врсник фацилитатор“ (со/без)?
  • Дали дополнителниот поткрепувач за учеството на адолесцентите резултира со повисоки стапки на ангажираност на учесниците и подобрување на резултатите, во споредба со условите без таков поткрепувач?

Фаза 3

Во Фаза 3, ќе се користи хибридна рандомизирана контролирана студија (RCT) за тестирање на интервенцискиот пакет избран во Фаза 2. Времето помеѓу спроведувањето на групната интервенција и спроведувањето на интервенцијата меѓу учесниците на листата на чекање, ќе се искористи за да се направи финалната доработка на програмскиот пакет, ако е потребно. Мерките за имплементација и за исходот ќе бидат во согласност со Фаза 1. Покрај тоа, во Фаза 3 ќе додадеме анкета за старателите за користење на здравствените и социјалните услуги за нив самите и за нивните адолесценти, за да се спореди користењето на услугите од страна на учесниците во интервенцијата и оние на листата на чекање. Многу програми имаат тенденција да се фокусираат на еден исход - родителските програми можат да влијаат на повеќе исходи и да бидат вектор на исходи и за адолесцентите и за старателите. FLOURISH ќе ја разгледа исплатливоста за одреден исход, но исто така ќе ги истакне сите дополнителни придобивки.

Студија за проширување на интервенцијата

Студијата за примена на интервенцијата од поголем размер ќе ја истражува дисеминацијата на интервенцијата и како интервенцијата е позиционирана од аспект на професионалците и креаторите на политики. Таа е тесно поврзана со истражување на прашањата за одржливоста на политиките, предводени од работните пакети 6 и 3. Методите за прибирање податоци за студијата за примена на интервенцијата од поголем размер ќе вклучуваат:

1. Интервјуа со креаторите на политики кои учествуваа во советодавната група во Фаза 1, за примена на конечниот интервентен пакет во пошироки размери и за влијанието на копродукцијата на проектот и комуникациските стратегии;
2. 300 анкети со професионалците од AЛТЕРНАТИВА и HYA за користење и дисеминација на материјалите од програмата;
3. Преземање и показатели за посетеност на веб-страницата на проектот и комуникациска стратегија.